| четврток, 6 декември 2018 |

Прв германски печат на успесите на Вардар

Ања Алт­ха­ус е пр­ви­от спор­тист од Гер­ма­ни­ја што на­ста­пу­ва за ма­ке­дон­ски клуб отка­ко на по­че­то­кот на ра­ко­мет­на­та се­зо­на ја при­фа­ти по­ну­да­та на ЖРК Вар­дар да пот­пи­ше три­го­ди­шен до­го­вор. Пи­ке­рот од Маг­де­бург ста­ви свој пре­поз­нат­лив пе­чат на ус­пе­хот на ма­ке­дон­ски­те шам­пи­он­ки, кои втор­пат по ред ќе игра­ат на за­врш­ни­от тур­нир во Бу­дим­пе­шта за европ­ски­от тро­феј. Таа во сво­ја­та ви­три­на има два при­ме­ро­ка од вред­ни­от пе­хар. Се­га, за­ед­но со на­ви­ва­чи­те на Вар­дар, се на­де­ва на но­во осво­ју­ва­ње на европ­ски­от врв

Ања Алт­ха­ус е пр­ви­от гер­ман­ски спор­тист што на­ста­пу­ва за ма­ке­дон­ски клуб. Тро­феј­на ра­ко­ме­тар­ка, ро­дум од Маг­де­бург, град што има по­себ­но ме­сто на свет­ска­та ра­ко­мет­на ма­па – со ма­шки клуб кој три­па­ти бе­ше европ­ски шам­пи­он и со Алт­ха­ус ка­ко за­шти­тен знак на жен­ски­от ра­ко­мет и ка­ко де­вој­ка со две ти­ту­ли од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Ра­ко­водс­тво­то на Вар­дар на по­че­то­кот на оваа се­зо­на ја ста­ви на ма­са по­ну­да­та за три­го­ди­шен до­го­вор за 32-го­диш­ни­от пи­кер на гер­ман­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја за да се фор­ми­ра тим за но­во учес­тво на за­врш­ни­от тур­нир. Алт­ха­ус при­фа­ти да игра во Ма­ке­до­ни­ја за шам­пи­о­нот ЖРК Вар­дар, а ве­ќе во пр­ва­та се­зо­на ќе има шан­са за нов европ­ски тро­феј. Вар­дар­ки втор­пат по ред ќе игра­ат на Ф4 во Бу­дим­пе­шта, по­втор­но во по­лу­фи­на­ле­то про­тив­ник ќе им би­де Бу­дуќ­ност, а ар­ми­ја­та на обо­жа­ва­те­ли на цр­ве­но-цр­на­та бо­ја се на­де­ва­ат де­ка по­втор­но ќе ја ви­дат Ања на по­бед­нич­ки­от пи­е­де­стал со тро­фе­јот. Два­па­ти со дан­ски Ви­борг, Алт­ха­ус ја осво­ју­ва­ше нај­вред­на­та клуп­ска кру­на и ве­ли де­ка со­ну­ва за „хет-трик“, овој­пат ка­ко член­ка на Вар­дар. Прв про­тив­ник на па­тот кон ти­ту­ла­та е Бу­дуќ­ност, а по­бе­да­та га­ран­ти­ра фи­на­ле и меч за пе­ха­рот про­тив по­до­бри­от од ду­е­лот Лар­вик – Ди­на­мо Вол­го­град.

 

Anja-Althaus-int140-2

Вие сте пр­ви­от гер­ман­ски спор­тист што игра за ма­ке­дон­ски клуб во кој би­ло спорт. Ка­кви се впе­ча­то­ци­те од пр­ва­та се­зо­на во Вар­дар и да­ли би им пре­по­ра­ча­ле на гер­ман­ски­те спор­ти­сти да дој­дат ту­ка?
Алтхаус: Ми­ло ми е што јас го скр­шив мра­зот и што сум пр­ви­от гер­ман­ски спор­тист во ма­ке­дон­ски клуб. Са­кам мно­гу да па­ту­вам, да за­поз­на­вам но­ви лу­ѓе, ме­ста и ре­чи­си во­оп­што не се дво­у­мев да ја при­фа­там по­ну­да­та на Вар­дар. И пред да дој­дам во мо­јот се­га­шен клуб, го­сту­вав во Ма­ке­до­ни­ја ка­ко член­ка на гер­ман­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја на ЕП 2008 и вед­наш ја за­бе­ле­жав пре­крас­на­та ат­мо­сфе­ра на ра­ко­мет­ни­те нат­пре­ва­ри. Лу­ѓе­то ов­де го са­ка­ат овој спорт. Имам мно­гу при­ја­те­ли што ја по­се­ти­ја Ма­ке­до­ни­ја и си­те ми ве­лат де­ка си по­ми­на­ле уба­во. И осо­бе­но, ме­ѓу дру­го­то, го истак­ну­ва­ат пре­крас­ни­от ам­би­ент на ра­ко­мет­ни­те ме­че­ви. Вие сте ма­ла зем­ја, осо­бе­но за не­кој што до­а­ѓа од Гер­ма­ни­ја, но има­те го­ле­ма љу­бов кон спор­тот и осо­бе­но кон ра­ко­ме­тот. За си­те мои при­ја­те­ли што ме по­се­ти­ја Ма­ке­до­ни­ја е при­јат­но из­не­на­ду­ва­ње. Јас сум за­до­вол­на ка­ко се прис­по­со­бив на жи­во­тот во Скоп­је и, се­ка­ко, де­ка ќе но­сам при­јат­ни спо­ме­ни од пер­и­о­дот што ќе го ми­нам во Вар­дар. Од ме­не се­ко­гаш ќе има до­бра пре­по­ра­ка за си­те мои ко­ле­ги од Гер­ма­ни­ја, да дој­дат кај вас и да на­ста­пу­ва­ат за ма­ке­дон­ски клуб, ако има­ат та­ква по­ну­да.

 

По Ка­та­ри­на Бу­ла­то­виќ од Бу­дуќ­ност, вие сте нај­тро­феј­на­та ра­ко­ме­тар­ка на Ф4 во Бу­дим­пе­шта ако се сме­та­ат ти­ту­ли­те во ЛШ. Ќе дој­де ли до израм­ну­ва­ње на 3-3?
Алтхаус: Се на­де­вам де­ка ќе се ра­ду­вам на тре­та­та кру­на за­ед­но со це­ли­от тим на Вар­дар. Има­ме шан­са иа­ко на Бу­дуќ­ност и на Лар­вик им да­ва­ат по­го­ле­ма пред­ност пред по­че­то­кот на за­врш­ни­от тур­нир. Мо­ја­та жел­ба, пред сѐ, е Вар­дар да ја освои европ­ска­та кру­на и ќе сто­рам сѐ за да сла­ви­ме го­лем ус­пех во Бу­дим­пе­шта. Со Ви­борг два­па­ти ја по­чув­ству­вав ра­до­ста да се би­де европ­ски пр­вак. Се­га сум во Вар­дар, клуб што ап­со­лут­но зас­лу­жу­ва да би­де кру­ни­сан во кон­ти­нен­та­лен пр­вак би­деј­ќи ги има си­те пре­дус­ло­ви за епи­те­тот нај­до­бри во Евро­па. Се­ка­ко де­ка и ме­не лич­но ќе ми го­ди во ко­лек­ци­ја­та да имам три тро­феи од Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те.

 

Anja-Althaus-int140-4

Ни­ко­гаш не сум са­ма во Ма­ке­до­ни­ја

Ања Алт­ха­ус прв­пат бе­ше во Ма­ке­до­ни­ја во 2008 го­ди­на ка­ко ре­пре­зен­та­ти­вка на Гер­ма­ни­ја на Европ­ско­то пр­венс­тво што го ор­га­ни­зи­ра­ше на­ша­та зем­ја. Гер­ман­ки­те го осво­и­ја че­твр­то­то ме­сто, а Алт­ха­ус бе­ше еден од глав­ни­те дви­га­те­ли на до­бри­от на­стап на ре­пре­зен­та­ци­ја­та. Пр­вич­ни­от впе­ча­ток за Ма­ке­до­ни­ја, ве­ро­јат­но, има­ше свој удел во од­лу­ка­та на од­лич­ни­от пи­кер да ја при­фа­ти по­ну­да­та на Вар­дар и да ги за­си­ли вар­дар­ки.

– Да, ве­ро­јат­но, и им­пре­си­и­те од Европ­ско­то пр­венс­тво по­мог­наа да ја при­фа­там по­ну­да­та на Вар­дар. И знам де­ка не по­гре­шив. Ни­ко­гаш не сум са­ма во Ма­ке­до­ни­ја. Лу­ѓе­то се при­ја­тел­ски рас­по­ло­же­ни кон нас стран­ци­те и јас се чув­ству­вам ка­ко до­ма. Се чув­ству­ва топ­ли­на­та на лу­ѓе­то, до­а­ѓа од ср­це и ко­га е та­ка, вед­наш го пре­поз­на­ва­те тоа. Ми се до­па­ѓа отво­ре­но­ста на на­ро­дот, осо­бе­но стра­ста кон ра­ко­ме­тот и до­бри­те за­ба­ви. Бр­зо се на­вик­ну­ваш на бал­кан­ски­от ри­там на жи­вот и ме­не, искре­но, мно­гу ми се до­па­ѓа иа­ко е ре­чи­си со­се­ма раз­ли­чен од гер­ман­ски­от стил на жи­вот. Јас ве­ќе се на­вик­нав на оваа сре­ди­на и са­мо мо­жам да прет­по­ста­вам ка­ква луд­ни­ца ќе нѐ че­ка во Скоп­је ако од Бу­дим­пе­шта се вра­ти­ме со европ­ски­от тро­феј – ве­ли Алт­ха­ус.

 

Има ли Вар­дар ре­цепт ка­ко да се про­бие че­лич­на­та од­бра­на на Бу­дуќ­ност и прв­пат се­зо­на­ва да се на­ди­гра­ат Цр­но­гор­ки­те?
Алтхаус: Од­лич­на­та од­бра­на долг пер­и­од е за­шти­тен знак и на Бу­дуќ­ност и на цр­но­гор­ска­та ре­пре­зен­та­ци­ја. Имам игра­но не­кол­ку­па­ти на два­та фрон­та про­тив нив и знам кол­ку игра­ат цвр­сто, бор­бе­но и остро. Те­шко е да им се да­де гол, но ние по­ка­жав­ме де­ка и про­тив нив мо­же да се игра. За­гу­бив­ме во Под­го­ри­ца од нив, а во Скоп­је во вто­ри­от меч од груп­на­та фа­за воз­вра­тив­ме со до­бра игра во од­бра­на­та и оди­грав­ме рам­но­прав­но. Бу­дуќ­ност е опа­сен про­тив­ник, има до­бри ре­ше­ни­ја на си­те по­зи­ции и мо­ра да би­де­ме му­дри и да ги гра­ди­ме на­па­ди­те со мно­гу тр­пе­ние. Ре­цеп­тот за ус­пех е по­втор­но да од­го­во­ри­ме на за­да­чи­те во од­бра­на­та. Ако тие игра­ат цвр­сто, ние ќе мо­ра да од­го­во­ри­ме уште поц­вр­сто. Не се не­по­бед­ли­ви. И тие се лу­ѓе, врв­ни спор­ти­сти ка­ко и ние, и ќе од­лу­чу­ва­ат ни­јан­си за тоа ко­ја еки­па ќе игра фи­на­ле.

Ме ра­ду­ва што фор­ма­та на Вар­дар е во на­гор­на ли­ни­ја. Поч­нав­ме пос­ла­бо, но тоа за ме­не бе­ше оче­ку­ва­но би­деј­ќи има­ше мно­гу но­ви ра­ко­ме­тар­ки во со­ста­вот на стар­тот од се­зо­на­та. Ве­ру­вам де­ка кул­ми­на­ци­ја­та на до­бри­те игри ќе се слу­чи во Бу­дим­пе­шта, на за­врш­ни­от тур­нир.

 

Ја игра­те де­вет­та­та се­зо­на ед­но­по­дру­го во Ли­га­та на шам­пи­о­ни­те. Ка­кви се пла­но­ви­те за на­та­му. Ќе има ли и де­сет­та се­зо­на, па и по­ве­ќе?
Алтхаус: Пр­ви­от план го ис­пол­нив за оваа се­зо­на, а тој бе­ше иден­ти­чен на клуп­ски­от на Вар­дар, да на­ста­пи­ме на за­врш­ни­от тур­нир. Ко­га ве­ќе стиг­нав­ме до Бу­дим­пе­шта, зо­што да не се оби­де­ме да ги ми­не­ме пос­лед­ни­те два че­ко­ра. Се чув­ству­вам мла­до, во пол­на фи­зич­ка кон­ди­ци­ја сум иа­ко имам 32 го­ди­ни. Си­гур­на сум де­ка ќе има де­сет­та се­зо­на, ве­ро­јат­но и по­ве­ќе. Имам три­го­ди­шен до­го­вор со Вар­дар и ако сѐ би­де во ред, ќе го одра­бо­там до­крај, а по­тоа ќе ви­ди­ме. По за­вр­шу­ва­ње на ка­ри­е­ра­та са­кам да им го пре­не­сам мо­е­то искус­тво и зна­е­ње од ра­ко­ме­тот на пом­ла­ди­те.

 

Anja-Althaus-int140-5

Се­меј­на­та тра­ди­ци­ја за­ки­те­на со тро­феи

Во се­мејс­тво­то Алт­ха­ус ра­ко­ме­тот е ка­ко на­ви­ка и еден вид се­меј­на тра­ди­ци­ја. Уште ко­га ќе се до­пол­ни со ме­сто­то на ра­ѓа­ње на Ања, ста­ну­ва јас­но де­ка опре­дел­ба­та на 32-го­диш­на­та де­вој­ка од Маг­де­бург да игра ра­ко­мет е со­се­ма оче­ку­ва­на.

– Мај­ка ми бе­ше ра­ко­ме­тар­ка, а со овој спорт се за­ни­ма­ва­ше и мо­јот вуј­ко. Во Маг­де­бург, ка­де што сум ро­де­на, тоа е не­што ка­ко до­бро утро. Ра­ко­ме­тот та­му е слич­на при­каз­на на ма­ке­дон­ска­та. Овој спорт во Маг­де­бург е не­што ка­ко ре­ли­ги­ја, ка­ко нор­мал­но се­којд­не­вие. Клу­бот е ги­гант на гер­ман­ски­от и на европ­ски­от ра­ко­мет во ма­шка кон­ку­рен­ци­ја со три европ­ски кру­ни, а ко­га јас поч­ну­вав, има­ше и до­бра жен­ска еки­па. По­крај ра­ко­ме­тот, жи­вот­на жел­ба ми бе­ше да би­дам пи­лот во Фор­му­ла 1. И се­га ја са­кам бр­зи­на­та, а воз­бу­да­та да во­зам до­бар авто­мо­бил ми оста­на. Се­пак, ра­ко­ме­тот е број 1 за ме­не и не жа­лам што про­дол­жив со овој спорт. Од­лу­ка­та ја до­не­сов са­ма иа­ко по­тек­ну­вам од ра­ко­мет­но се­мејс­тво. Во спо­ме­на­ри­те кои беа по­пу­лар­ни на учи­ли­ште се­ко­гаш пи­шу­вав де­ка са­кам да би­дам ра­ко­ме­тар­ка и со­нот ми се ос­тва­ри – ве­ли Алт­ха­ус.

 

Anja-Althaus-int140-3

Вар­дар е микс на ра­ко­ме­тар­ки од раз­лич­ни зем­ји. Има впе­чат­лив бал­кан­ски шмек, со гер­ман­ско-дан­ска дис­цип­ли­на, фран­цу­ски шарм и ру­ска гра­ци­оз­ност. Ка­ко се сна­о­ѓа­те во та­ков спој на раз­лич­но­сти?
Алтхаус: Ве­ро­јат­но, си­те раз­лич­ни ра­бо­ти кај нас и ме­ѓу нас во клу­бот нѐ спо­и­ја во ед­на из­во­нред­но здра­ва сре­ди­на. Ов­де не е во пра­ша­ње са­мо ра­ко­ме­тот. На тре­нинг, на нат­пре­вар, па и во при­ват­ни­от жи­вот, бо­гат­ство е ко­га имаш мож­ност да се дру­жиш, да спо­де­лу­ваш и ра­дост и та­га со раз­лич­ни лу­ѓе. Во Вар­дар ми­ксот функ­ци­о­ни­ра из­во­нред­но и ме­не лич­но ми е мно­гу ин­те­рес­но. На­у­чив по не­што да го­во­рам на не­кол­ку раз­лич­ни ја­зи­ци, се­ко­гаш има до­бра ат­мо­сфе­ра, ќе ме из­не­на­ди не­што што го не­ма кај нас, во на­ша­та кул­ту­ра и стил на жи­ве­е­ње. Од се­ко­го мо­же да се на­у­чи по не­што. На при­мер, ко­га до­па­ту­вав во Скоп­је, се сла­ве­ше Бо­жик, праз­ник што ние го прос­ла­ву­ва­ме по­ра­но од вас. Ми бе­ше ин­те­рес­но, доз­нав не­што но­во, не­што што не сум го зна­е­ла. При­каз­на ка­ко мо­ја­та со Ма­ке­до­ни­ја, со Вар­дар. Мно­гу мал­ку ја поз­на­вав ва­ша­та зем­ја, но се­га знам де­ка не по­гре­шив што од­брав ту­ка да ја про­дол­жам ка­ри­е­ра­та. И на те­ре­нот ка­ко до­бра ком­би­на­ци­ја се по­ка­жу­ва спо­јот на раз­лич­ни сти­ло­ви на игра во Вар­дар. Се­ко­ја од ра­ко­ме­тар­ки­те но­си не­што спе­ци­фич­но, не­што ка­ко бе­лег од сво­ја­та ра­ко­мет­на шко­ла. За ме­не тоа е дра­го­це­но жи­вот­но и спорт­ско до­жи­ву­ва­ње и искус­тво. И изг­ле­да сѐ по­до­бро ка­ко што ми­ну­ва вре­ме­то. Да се на­де­ва­ме де­ка ќе би­де кру­ни­са­но со ус­пех во Ун­га­ри­ја на тур­ни­рот на нај­до­бри­те еки­пи во Евро­па.

 

Има­те не­кол­ку ко­ло­рит­ни те­то­ва­жи. Ко­ја е оми­ле­на­та и да­ли, мо­же­би, има ме­сто за не­што од скоп­ска­та аван­ту­ра во Вар­дар?
Алтхаус: Ги са­кам те­то­ва­жи­те и имам мно­гу, па ми ве­лат де­ка тоа е мо­јот за­шти­тен знак. Тоа е не­кој мој свет. До­бро е што и во Скоп­је нај­дов до­бар умет­ник за те­то­ва­жи. Оми­ле­ни ми се тие што ги имам на ле­ва­та ра­ка, ка­де што се на­цр­та­ни си­те мои ти­ту­ли. Ту­ка се дан­ски­те и гер­ман­ски­те тро­феи, ме­да­лот со на­ци­о­нал­на­та ре­пре­зен­та­ци­ја од Лет­ни­те олим­пи­ски игри во Пе­кинг, а ве­ру­вам де­ка ќе има ме­сто за уште не­кој пе­хар. Имам те­то­ва­жи од си­те клу­бо­ви ка­де што сум игра­ла и од си­те зем­ји ка­де што имам за­бе­ле­жи­те­лен ус­пех. И за Вар­дар чу­вам по­себ­но ме­сто, се­ка­ко и за Ма­ке­до­ни­ја. Се на­де­вам де­ка тоа ќе го ис­цр­та­ме мно­гу ско­ро, мо­же­би и ме­се­цов по вра­ќа­ње­то од Бу­дим­пе­шта.

 

Разговараше: Зоран Поповски
Фото: Александар Ивановски
(Текст објавен во 140. број на неделникот „Република“, 8.05.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top