| четврток, 6 декември 2018 |

Штипски професор сексуално злоупотребувал средношколка

Штипската полиција поднесе кривична пријава за обљуба со злоупотреба на положбата против 63-годишниот С.П., професор во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип, како и кривични пријави за непријавување кривично дело или сторител против директорот на улчилиштето A.K.(47) и Државниот просветен инспектор T.С.А.(46).

Првопријавениот како професор во СОУ во Штип во три наврати во текот на 2014 година злоупотребувајќи ја својата положба извршил полови дејства над ученичка во училиштето.

Второпријавениот како Директор на наведеното училиште и третопријавената како Државен просветен инспектор, свесно пропуштиле да го пријават кривичното дело на надлежен орган, сторено од страна на првопријавениот иако биле должни да го сторат тоа, за кое дознале во вршењето на својата должност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top