Вчеравечер околу 21,30 часот маскирано лице се обидело да го ограби маркетот „Пако Маркет“ на ул.„ОктомврискаРеволуција“ во Куманово.
Toj влегол внатре и со закана со нож ја присилил вработената да влезе во внатрешноста на маркетот, по што започнал со пребарување. Во еден момент обидувајќи се да отвори една од фиоките, вработената со едната рака го фатила сечивото од ножот, додека со другата почнала да го удира во пределот на главата, по што сторителот избегал.
Од страна на полициски службеници сторителот е пронајден и приведен и по целосно расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


