Министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов потпиша исклучително значаен документ со кој даваат свој придонес во подигањето на свеста за лицата со посебни потреби кои се рамноправни и корисни чинители во нашата општествена заедница.
-Денеска, го потпишавме Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Министерство за култура преку чија имплементација ќе го реализираме проектот „Инклузивни и креативни“ со кој ќе ја унапредиме заедничката грижа за оваа категорија граѓани. Проектот „Инклузивни и креативни“ ќе овозможи лицата со посебни потреби кои се сместени во Дневните центри на Министерството за труд и социјална политика ширум Република Македонија, да ги продаваат своите креативни творби кои ќе бидат јавно изложени во сите 20 сувенирници низ државата, односно во монтажните објекти за продажба на сувенири и друг информативен и туристички материјал кои во изминатиот период ги поставивме во градовите и на нашите гранични премини, рече Канческа Милевска.

Овие експонати кои ќе се изработуваат со посебни калапи со мотиви од богатата историја и културно наследство на нашата земја, ќе бидат посебно означени како производи кои се рачна изработка.
-Сигурна сум дека овој проект битно ќе влијае врз поттикнувањето на креативноста на лицата со посебни потреби и нивната инклузија во секојдневниот живот. Овие лица кои имаат навистина специфичен сензибилитет со кој создаваат исклучително креативни дела, заслужуваат посебно охрабрување и ние мораме да се насочиме кон активности и проекти кои ќе ги задоволат потребите на лицата со посебни потреби и ќе овозможат нивно активно интегрирање во нашето културно и општествено живеење. Исто така со проектот „Инклузивни и креативни“ ќе создадеме и поволен амбиент за развој на инклузивното претприемништво на централно, но и на локално ниво, како и развивање на свеста и потребата од поврзување на претприемачкиот и креативниот концепт кај секој поединец, вклучувајќи ги и лицата со посебни потреби, подвлече министерката за култура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димитар Николов-Таки: ДФРМ и Агенцијата за филм имаат за цел да создадат лажна слика дека основниот претставник на филмските професионалци
-
Тренерите од поранешна Југославија потпишаа меморандум за соработка
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава
-
Македонија и Кина ќе потпишат меморандум за соработка во областа на трудот и на социјалната сигурност


