Околу две илјади садници уништи албанската полиција кај северниот град Скадар.
Во уништувањето на површините засадени со марихуана, околу лоцирањето помагаат и хеликоптери на италијанската полиција.
– Во селото Мазрек, во местото Ридот на Свети Георгиј, општина Гури и Зи, откриени се 16 парцели со околу 1.600 садници канабис сатива, додека во селото Дукаѓини во близина на реката Вјоса, во местото Калаја се откриени десет парцели со околу 420 садници, во висина од 20 сантимтери -стои во полициското соопштение.
Според полицијата во двата случаи уништени се околу две илјади садници канабис сатива. Продолжуваат активностите за откирвање на сопствениците на парцелите.
Деновиве, исто така во северниот дел на Албанија, во подрачјето на Голема Малесија беа уништени приближно ист број садници марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.