Од извори од избирачките места стигнуваат информации дека до 15 часот гласале повеќе од 14.500 регистрирани гласачи Македонци. Од таму велат дека не се пресметани гласовите на околу 1.000 Турци и Роми, кои се очекува да гласаат за коалицијата во која се нивните претставници. Гласањето сè уште трае, интересот и одѕивот ќе бидат уште поголеми, за што сведочат и редовите на гласачките места.
Граѓаните за „Република“ велат дека сега е важно да победи Кичево. Сите други аспекти од локалните избори, инфраструктурата, економијата, локалните предизвици ги ставаат во втор план.
Иако агитацијата е забранета, низ градот се возат автомобили накитени со македонски и со албански знамиња, а шетаат луѓе со гардероба со национални обележја. Евидентно е присуството на албанската дијаспора, но и на кичевци што работат низ Македонија.
Тука, во Кичево, битката за секој глас ќе трае до затворање на гласачките места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.