| четврток, 6 декември 2018 |

Во Куманово во учебната 2015/2016 година ќе се запишат над 1000 правчиња

deca2

Во основните училишта во Куманово во учебната 2015/2016 година, ќе се запишат над 1.000 правчиња.
Од секторот за образование во општина Куманово информираат дека уписот на првачиња е започнат и најголем дел од првооделенците ќе бидат запишани на училиште до крајот на мај. Училиштата имаат добиено списоци од надлежните институции, за бројот на ученици по реони кои треба кај нив да се запишат.
– Во училиштата веќе е започната процедурата за запишување на првооделенци. Се запишуваат деца родени во 2009 година, со навршени 5 години и 8 месеци или пак 6 години. Се очекува во 16 основни училишта во градот да се запишат повеќе од 1000 правчиња, а поконкретна бројка ќе имаме кон крајот на мај, рече Жика Крстевски, од секторот за образование во општина Куманово.
Согласно законските регулативи, доколку учениците кои ги има на списоците не бидат запишани во прво одделение, од училиштата ќе ги повикаат родителите на разговор.
– Знаеме дека образованието е задолжително. Прво родителите ќе бидат повикани на разговор, а ако нема ефекти, истите ќе бидат пријавени во Државниот просветен инспекторат кој понатаму ќе преземе мерки согласно закон, додава Крстевски.
Лани во кумановските основни училишта се запишаа 1.181 прваче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top