| четврток, 6 декември 2018 |

Продолжува променливото, но топло време

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб променлив ветер.

Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

За време на викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и со појава на ретки грмежи особено утре.

Температурите и од понеделник ќе се задржат на претежно очекуваните за овој дел од годината

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top