| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Русија е подготвена да го финансира гасоводот во Грција

гас

Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност Русија да разработи план за финансирање на грчките државни компании при изградба на гасоводниот систем на територија на Грција, јави ТАСС.

Како што соопшти Кремљ, Путин и грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски разговарале за инфраструктурните планови, за енергетската соработка, вклучително и изградба на гасоводен систем на територијата на Грција, како дел од новиот проект за пренос на руски гас преку Турција и другите европски држави.

Директорот на „Газпром“ Алексеј Милер денеска изјави дека гасоводот Турски поток ќе биде пуштен во употреба во декември 2016 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top