| четврток, 6 декември 2018 |

Хуманитарен концерт за помош на две сиромашни семејства

Група млади утре организираат хуманитарен концерт „Музика за општествени промени, не за профит“, во клубот „Блок“ во трговскиот центар „Мавровка“. Собраните средства ќе бидат наменети за две сиромашни семејства, кои живеат во тешки финансиски и животни услови.

Настап ќе имаат диџеј Гоце Саф, Елинел, Иги Ман, „Фулиш грин“, Амон Мра и Лаура Крлиу.

Желбата да се помогне на луѓе кои се во тешка финансиска состојба зближи една група млади луѓе кои заедно со Оопштинската организација на Црвениот крст Чаир го организираат овој хуманитарен концерт. Идејата е музиката да не се користи само за личен профит, туку да се користи за да се поттикнат позитивни промени во општеството. Концертот ќе ги зближи младите од различни националности за една заедничка цел да се помогне на семејствата Иванови и Османи, соопштија организаторите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top