| четврток, 6 декември 2018 |

ПСЖ по стапките на Баерн, ги ослабува конкурентите

Пари Сен-Жермен доби голема конкуренција за титулата во Франција во тимот на Лион. Затоа управата на „светците“ подготвува големо изненадување за следната сезона. Подготвува понуда за најдобрите играчи на Лион, Александре Лаказет и Набил Фекир. Според францускиот „Лекип“, ПСЖ за двајцата офанзивни фудбалери е подготвен да плати 65 милиони евра.

„Лекип“ истакнува дека приоритетна цел на Пари Сен-Жермен е трансферот на Пол Погба од Јувентус, но ќе се направат максимални напори да биде доведено и дуото на Лион. Тоа значи дека можеби Златан Ибрахимовиќ и Единсон Кавани ќе мора да си заминат од „Паркот на принцовите“. Најверојатно, и Хавиер Пасторе ќе го напушти ПСЖ и ќе се врати во Италија.

Слична е ситуацијата и во германскиот фудбал. Финансиски најмоќниот тим во Германија, Баерн Минхен, ги купува најдобрите фубалери од конкурентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top