Двајца браќа од тетовското село Мерово на 25 и 24 години добиле смртни повреди од огнено оружје по оружениот инцидент што утрово околу 7 часот се случил во месноста Јабланица во атарот на село Мерово, покрај патот за Седларево, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Едниот од браќата починал на самото место, додека вториот на пат кон тетовската клиничка болница.
Други две лица што учествувале во вооружениот инцидент, исто така, со повреди од огнено оружје по укажаната помош во тетовската клиничка болница биле упатени на скопските клиники.
Во тек е увидот во кој учествува јавен обвинител и екипа на СВР Тетово околу утврдување на причините и сѐ што е поврзано со случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.