Лионел Меси беше јунакот на Барселона во првиот натпревар од полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен постигнувајќи два феноменални гола.
По натпреварот тој истакна колку победата од 3-0 им значи на сите фудбалери на каталонскиот гигант во пресрет на реваншот во Минхен.
– Се радував како никогаш досега. Бев пресреќен за големиот успех и за двата гола што ги постигнав. Знам што им значи победата на сите во Барса – изјави аргентискиот ас.
– Славев на тој начин затоа што знам од какво значење е победата. Дефинитивно беше компликуван натпревар. Играме слично со Баерн оваа сезонава, тешко беше да го дадеме тој прв гол, а потоа сѐ дојде брзо добивајќи го токму тоа што го сакавме – додаде Меси.
Поранешниот тренер на Барселона, а сега на Баерн, Пеп Гвардиола, призна дека во реваншот ќе биде многу тешко.
– Да останеше резултатот 1-0 или 2-0, ќе имаше што да бараме во реваншот. Вака е многу тешко да се помине гигант каков што е Барселона, но не се предаваме – кратко изјави Гвардиола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.