Претставници на „Хрватски железници“ вчера потпишаа договор со Светска банка за кредит од 163,5 милиони евра за финансирање проекти.
Од вкупниот износ од кредитот, речиси половината, или 79 милиони евра, се однесува на инфраструктурата на ХЖ.
Кредитното барање во најголем дел се однесува за инвестиции во железничката инфраструктура со цел зголемен капацитет и безбедност.
Дел од заемот – 13,7 милиони евра е за згрижување на вработените, нивна обука и отпремнина.
Избраните проекти подразбираат и модернизација на железничките премини, отстранување на критичните точки на пругите, ремонт на железничките мостови и тунели, како и осовременување на железничките станици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.