| четврток, 6 декември 2018 |

Битка за секој глас во Кичево – нема партиски ознаки, се веат македонски и албански знамиња

Во Кичево тече битката за секој глас. Низ чаршијата проструи информација дека место очекуваните 1.000, на посета од дијаспората се дојдени 30 автобуси со гласачи. Неофицијално, одѕивот до 13 часот е повисока од 55 проценти.

Кичевската чаршија денеска е особено жива. Кафетериите и кафеаните се полни, на улиците сообраќајот е густ. Тоа што ја издвојува оваа недела од другите се колоните возила со македонски и со албански знамиња. Ретко да помине автомобил со партиски ознаки. За таа намена се користат сите превозни средства, па и велосипеди.

Девојки со марами и со шалови од албанското знаме полека возат кабриолети од кои ечат албански хитови. Плакатите и рекламните материјали по фасадите прелепувани една преку друга, даваат понекогаш чудни ликови. По цела ширина на хотелот во центарот на градот е закачено огромно албанско знаме. Од страна висат сликите од партискиот лидер и кандидатот.

Во Кичево на кафе денеска поминаа и италијанскиот, американскиот и други дипломатски претставници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top