| четврток, 6 декември 2018 |

Проекциите за засилен економски пораст на ЕУ се реални

Според професорот Кожухаров, во Македонија сѐ почеста е практиката на преквалификација на невработените лица која наиде на добар прием и кај невработените лица и вклучување и во странските инвеститори кои бараат истренирана и обучена работна сила, и готови и подготвени работници кои ќе придонесат за зголемување и на нивната благосостојба и на благосостојбата на инвеститорите.

– Кај нас трендот што го забележуваме ни овозможува зголемување на вкупниот не само физички обем на производство, туку и обемот искажан вредносно, што де факто е зголемување на БДП – заклучува Кожухаров.

Тој смета дека стапката што е проектирана реално е остварлива од 3,6 на 3,8 на постојната база на БДП, и ќе се овозможи не само преку зголемување на јавниот долг, и тоа е предвидено, туку и преку зголемувањето на БДП со предвидените проекции ќе овозможи и понатамошно инвестирање.

-Граѓаните во Македонија ќе може да очекува поголема или, како што ние економистите велиме, акцелерирана побарувачка, односно зголемување на можноста за задоволување на нивните преференции, односно задоволување на нивните потреби, задоволување на побарувачката како од страна на граѓаните така и на останатиот сектор, така и на јавниот и приватниот сектор – вели Кожухаров за МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top