Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција е извршен увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.
Од нив, девет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на товарно моторно возило, еден пешак и еден велосипедист.
Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција се откриени и санкционирани 17 пешаци што поминале надвор од обележан пешачки премин, 10 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и тројца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција се отстранети 40 возила што го спречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
За денеска официјално нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постојната сообраќајна регулатива.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.