| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајот на патот Кичево – Охрид во прекин од 16 до 17 часот

ekonomija-patista-51-1

Попладне, во периодот од 16 до 17 часот, ќе биде во прекин сообраќајот на патот Кичево – Охрид кај месноста Лавчанско Речиште поради изведување градежни работи (минирање), информираат од Автомото-сојузот на Македонија.

Поради појава на свлечиште на патниот правец Прилеп – Ресен, на обиколницата на Битола, сообраќајот сѐ уште е во прекин. Возилата се пренасочуваат низ Битола.

Сѐ уште е отежнат сообраќајот  на патиштата Прилеп – Витолиште и Прилеп – Македонски Брод поради свлечиште, односно лизгање на асфалтот на патот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по суви коловози. АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово, каде што е можна почеста појава на одрони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top