Седум лица се повредени во две сообраќајки што попладнево се случиле на патиштата во тетовско, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во сообраќајката што околу 14 часот се случила на регионалниот пат Пирок-Тетово, на уличка што водела кон селската џамија во Синичане, се судриле „мерцедес“ со тетовски регистарски таблички управуван од А.Р.(19) од Жеровјане и „поло“ исто така со тетовски таблички управуван од А.А.(52) од Боговиње.
Возачот и еден сопатник од „полото“, како и четворица сопатници од „мерцедесот“ се здобиле со телесни повреди и сите биле префрлени во тетовската клиничка болница каде била укажана лекарска помош.
Во втората сообраќајка со потешки повреди односно повеќе скршеници се здобил моторциклистот Ј.М.(35) од Градец при судирот со „пежо“ со тетовски регистарски таблички управувано од М.Б.(63). Несреќата се случила околу 14.30 часот на локалниот пат во тетовското село Боговиње. Повредениот моторциклист бил префрлен во тетовската клиничка болница од каде поради сериозноста на повредите како и итен случај бил префрлен во скопските клиники.
По овластување на јавниот обвинител увид на местото од двете сообраќајки вршат екипи на СВР Тетово односно Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај по што треба да се утврдат причините и се друго поврзано со овие две несреќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двајца потешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот подигнал 72 возила