Едно лице загина, а осуммина се повредени, од кои двајца потешко, во директен судир меѓу два регионални воза во јужниот дел на Австрија, пренесува БТА..
Машиновозачот на едниот воз им подлегнал на повредите, додека неговиот колега од другиот воз и една 60-годишна патничка, во критична состојба, со хеликоптер под итно биле пренесени во болница. Други шест патници се здобиле со полесни повреди.
Несреќата се случила во близина на јужниот австриски град Грац.
Возовите се судриле на еднонасочна железнилка линија.
Според портпаролот на железниците, едниот машиновозач го игнорирал сигналот за запирање при наближување до железничка станица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Австрија ги отвора вратите за Македонците: Бара келнери, сметководители, ѕидари, касапи
-
Владата се извини: Многу се слични димензиите и колоритот на знамињата
-
Австрија: Властите не му дале азил на Авганистанец затоа што не бил доволно хомосексуалец
-
Железничка несреќа во Австрија: Има повредени и мртви