| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Неприфатливо е опозицијата во Македонија да не е во парламентот

хан

Еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јоханес Хан, во изјава за МИА оцени дека ситуацијата во Македонија создава главоболки во Европската унија, и порача дека за Брисел е неприфатливо опозицијата да не е во парламентот и оттаму да ги решава сите отворени прашања со власта.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Хан посочи и дека Европската комисија очекува правна и политичка разрешница на случајот Пуч, заедно со формирање Анкетна комисија за истраги во рамки на македонското Собрание, каде власта и опозициската СДСМ ќе ги решаваат сите отворени прашања со скандалот со прислушувањето.
– Генерално, можам да кажам дека ситуацијата во Македонија е многу сериозна и создава многу главоболки за нас оти не е повеќе прифатливо да имаме ситуација во која опозицијата не е во парламентот, а постои и ова прислушување кое треба да биде расчистено и мислам дека е потрено да се има длабока истрага. Замолуваме да има политичко третирање на ова прашање во парламентот со креирање на Комитет за истрага, но исто така и да има понатамошна истрага на криминалниот случај на ова прашање. Мислам дека ова се предуслови за земјата на нејзиниот пат кон Европа – истакна Хан во изјава за МИА.
На денешната конференција Проширување, економски раст и управување што во организација на Советот за регионална соработка (СРС) и канцелаирјата на Баден-Вутемберг, како и на Европскиот фонд за Балканот, денеска се одржа во Брисел, Хан исто така изрази загриженост за ситуаицијата во Македонија и порача дека не смее да се дозоволи таа да се влошува и понатаму.
– Сите страни да преземат одговорни обврски и итни чекори кон одржливо решение, да го обноват политичкиот дијалог и довербата во институциите. Потребно е обвинувањата да се истражат од релевантните власти, како оние за погрешни работи што се објавени јавно. Принципот за независност и презумпција на невиност, слободата на медиумите и основните права треба да се воспостават. Сите политички партии да направат напори да избегнат политички и меѓуетнички тензии. ЕК ја следи одблиску ситуација, а и им помагаме на европратениците кои ги олеснуваат разговорите меѓу главната владина и опозициска партија и бараме да се решат забелешките во ланскиот прогрес-извештај, истакна Хан.
На крајот, еврокомесарот за преговори за проширување рече дека е потребно да се најде брзо решение на ситуацијата во Македонија, повикувајќи се на заклучоците на Европскиот совет, во кои министрите за надворешни работи на ЕУ-земјите изразија загриженост во последните заклучоци и побараа итно да се најдде одржливо решение за европерспективата на народот на Македонија.
 Комесарот Хан, исто така, одговори и на прашањето на дописникот на МИА, дали поради однесувањето на опозициската СДСМ во Македонија е можно Комисијата да ја одземе препораката за почеток на пристапните преговори на земјата со Европската унија
– За Македонија, за среќа не го објавуваме прогрес-извештајот утре, па не сакам да придонесувам за гласини и слично. Како и да е, ситуацијата е сериозна, европските земји, Европскиот парламент, јавноста во ЕУ ја следат ситуацијата и затоа, убеден сум дека одговорните луѓе во земјата се целосно свесни за ситуацијата и ќе придонесат се да се реши пред летната пауза, за да немаме главоболки за прогрес-извештајот во октомври – посочи Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top