| четврток, 6 декември 2018 |

Неколку скопски населби утре без струја

Од 8 до 14 часот, утре, без струја ќе бидат граѓаните кои живеат на улиците Тодор Чангов и Ѓорѓи Капчев во општина Аеродром, заради технички зафати во електро-системот, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Од 8.30 до 14.30 часот, без струја ќе бидат улиците Аврам Писевски, Ордан Чопела, 156 и 159 во општина Чаир, а од 9 до 12:00 часот, корисниците од улиците Есенинова и Жил Верн во општина Кисела Вода.

Од 9 до 15 часот, корисниците од дел од село Долно Свиларе во општина Сарај, а од 10 до 14 часот, жителите кои живеат на улиците 26, 28 и 30 во населбата Камник, како и селото Сингилиќ, во општина Гази Баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top