По пеколните температури кои деновиве ја зафатија Македонија, нашата земја утре ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и источните делови од земјата.
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со силни електрични празнења и интензивен пороен дожд, а не се исклучува и можноста за изолирана појава на град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.