| четврток, 6 декември 2018 |

Децата од градинката „Пиколини“ играа кошарка со Дамјан Стојановски и донираа облека

vojdan stojanovski

Децата од градинката „Пиколини“ спортуваа и донираа со познатиот македонски кошаркарски репрезентативец Дамјан Стојановски. За секој кош, донирано е парче облека за доенчињата и малите деца од Домот во Битола.

Директорката на Домот-Наташа Младеновска Лазаревска се заблагодари и ја поддржа акцијата, истакнувајќи дека и е посебно драго кога вакви акции се прават од дечиња за дечиња, тогаш задоволството е уште поголемо.

vojdan stojanovski2

– Целта на градинката и општо на иницијативите е да се помогне на најосетливите категории, а воедно да се всади свесноста кај овие дечиња уште од мали за значењето на вакви акции од помош на заедницата – изјави директорката на градинката Марина Сивакова -Тасков.

vojdan stojanovski1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top