Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини убедена е дека Велика Британија ќе остане во Европската унија, додавајќи дека тоа е во интерес како на ЕУ, така и на Лондон.
– Верувам дека граѓаните на Велика Британија, како и другите делови на Европа, ќе ја признаат вредноста од членство во големото семејство, во кое, како и во сите семејства секогаш не е лесно да се живее – посочи Могерини.
Таа потенцира дека иднината на Европа не е во дезинтеграцијата.
Во истражувањата ниту Конзервативната партија на актуелниот британски премиер Дејвид Камерон, ниту опозициската Лабуристичка партија на Ед Милибанд не остварија водство, исходот од гласањето е неизвесен.
Камерон вети дека ако остане на власт, граѓаните на референдум ќе се изјаснат дали Велика Британија ќе остане или не во ЕУ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Британија: Компанија за болнички отпад, складирала човечки тела
-
Могерини: ЕУ нема да биде целосна се додека земјите од Западен Балкан не станат членки
-
Британците го отфрлаат планот на Меј за „Брегзит“
-
Хан: Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат да добијат позитивни одговори за евроатлантските интеграции



