| четврток, 6 декември 2018 |

Старџен: Новата влада ќе има легитимитет ако се поддржи во цела Британија

никола

Лидерот на Шкотската национална партија (СНП) Никола Старџен, изјави во Единбург дека новата британска влада ќе има вистински легитимитет, само доколку добие подршка во сите делови на Велика Британија. Зборувајќи на еден предизборен митиг, во финишот на кампањата пред утрешното гласање, Старџен порача дека за формирањето на идната влада, не е толку важно кој „прв стигнал на целта„ односно кој има најмногу гласови и пратенички места, колку што е важно кој може да го формира владиниот кабинет што ќе управува со земјата во наредните пет години.
Ваквата порака  од лидерот на партјата, за која се предвидува уверливо да победи во изборните единици во Шкотска, пред се, им е упатена на британските конзервативци и на нивниот лидер, актуелниот премиер Дејвид Камерон.
Сите досегашни прогнози и анкети покажуваат дека ниту една од двете главни партии-Конзервативната и Лабуристичката-нема да освојат уверлива победа, за да можат сами да формираат влада, туку дека како и пред пет години, новата влада одново ќе биде коалициона.
Прогнозоте за Шкотска, меѓутоа, навестуваат дека СНП ќе победи во тој дел од Британија и дека може да се случи,  да ги овои и сите 59 шкотски пратенички места.
Тоа ќе значи дека оваа силно национална и сепаратистичка партија, со левичарска идеологија,  не само што ќе се потврди како прва политичка сила во Шкотска, туку дека веќе во петок, еден ден по годинешниве парламентарни избори, таа може да биде клучниот играч во меѓупартиските преговори за новата коалициона влада на Велика Британија.
Камерон и лидерот на лабуристите, Ед Милибанд настојуваат да ги уверат сите дека тие се борат за да дојдат до уверливо мнозинтсво, што би ги ослободило од правењето спогодби со другите партии.
Ториевците во 2010 година освоија 307 пратенички места во Парламентит од 650 пратеници.За апсолутна победа им се потребни најмалку уште 23 пратеници повеќе, додека на лабуристите кои тогаш обезбедија 258 пратеници, со уверлива победа во шкотските изборни единици, сега им се потребни уште барем 70 нови пратенички места, во услови кога се предвидува да бидат „збришани„ во Шкотска.
Старџен тоа го знае, па затоа веќе ја отвори темата за постизборното договарање, заговарајќи создавање на една „прогресивна алијанса„ во која доминантна сила би биле лабуристите, а во тој сојуз, покрај СНП  би се приклучиле и северноирските социјалдемократи и британските „Зелени„ и велшкиот Плајд Кимру.
Од почетокот на едномесечната предизборна кампања, ториевците,нивните медиуми и Камерон, настојуваат да ги заплашат Британците од СНП и од нивниот нов и енергичен лидер, прикажувајќи ја нивната политичка платформа како „катастрофална за британските интереси„ .И во финишот на кампањата,на само еден ден пред утрешното гласање, Камерон  ги плаши гласачите од можната коалиција, или од  парламентарна соработка на СНП со  лабуристите на Ед Милибанд, во идниот Парламент.
Милибанд веќе отфрли можност од коалицирање со СНП, поради нивниот сепаратизам, но не се откажа од подршка во Парламентот, доколку се обезбеди малцинска лабуристичка влада.
Никола Старџен верува дека „прогресивна алијанса„ е потребна, не само за да се реализира „левата„ политичка платформа, туку и затоа што би го имала легитимитетот со  подршка од сите делови на Британија, наспроти конзервативците и Камерон кои може да сметаат на подршаката само во Англија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top