| четврток, 6 декември 2018 |

Чeтворица загинати во Индонезија

Четворица загинати и деветмина исчезнати, за кои се претпоставува дека се затрупани со одрони од земја се последица на силната експлозија во постројки за користење на геотермална енергија на островот Јава, во близина на Бандунг. Во потрага по евентуално преживеаните, покрај локалната полиција и населението, денеска се вклучени и 400 војници на армијата на Индонезија.

Од силната експлозија на постројките што се дел од цевковод за користење на геотермални води биле покренати големи одрони на земјиште, кои срушиле и ги покриле повеќето куќи во селото Марга Мукти на западниот дел на Јава. Над 100 жители од селото се евакуирани, а дваесетина со полесни повреди се сместени во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top