| четврток, 6 декември 2018 |

Очевидци: Шекеринска координирала со протестите

111

Заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска од кафуле кое се наоѓалo во непосредна близина на Владата координирала со насилните протести на партиски активисти на СДСМ кои се случија вечерва, тврдат очевидци за Курир.

Очевидци тврдат дека на лице место ја забележале Шекеринска како од кафуле близу една раскрсница до Владата ја координирала толпата на партиски членови преку партиски активисти, меѓу кои дел и навивачи присутни пред Владата. Шекеринска, според очевидците давала наредба и одобрувала туркање и напад врз полицијата, како и демолирање на владината зграда.

Партиските активисти вечерва обидоа со сите сили да изнудат судир и инцидент со полицијата. Брутално беа напаѓани полицајците пред објектот на вадата со камења, шишиња, стапови, се кршеше и оштетуваше јавниот имот.

Ваквото однесување, во кое се препознаваат најмалку 30 партиски членови и активисти од стотината присутни пред владата, никако не може да се претстави како граѓански, туку партиско политички протест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top