Денешните настани не се ништо друго од смислено сценарио на Заев и на СДСМ.
Искористен е и припадник на полицијата, за кој СДСМ излажа дека „се приклучил на протестите“.
Всушност, полицаецот ја минал безбедносната ограда за да испорача достава до надлежните за што бил и задолжен, за потоа да се врати меѓу колегите.
Заев во меѓувреме ја изманипулира јавноста преку порака на социјалните мрежи, што пак беше пренесено и од медиумите финансиски контролирани од СОРОС.
Ова е однапред смислен чекор со кој Заев го заокружува сценариото за насилно рушење на институциите, онака како што и предупредуваше експертската јавност за целта на лидерот на СДСМ.
Подготовките за вечерашните случувања траат десетина дена. За тоа говорат и списоците правени по партиските штабови, потоа приклучувањето на навивачките групи на Работнички водени од директорот на Паркинзи центар, Саша Богдановиќ, за чие што дивеење и тој беше приведен неодамна.
Содржината на денешниот прес во СДСМ јавно беше објавена од соросовите медиуми уште од вчера.
Додека траеше пресот во СДСМ, тој се уште незавршен, на соросовите медиуми беа објавени транскрипти на таканаречените разговори, што укажува на координираноста и директната вмешаност во креирањето на вечерашните настани.
Притоа на дел од нив, како интернет медиумот на Героски, веднаш се појави реклама, најава за протестот. За изработка на таков банер, потребни се најмалку неколку часа.
Истовремено, друг соросов медиум, НоваТв, објави однапред снимено интервју со братот на Мартин Нешкоски, што повторно укажува на подготвка, координираност и вмешаност во сценариото на Заев.
На протестот кој со сите сили се трудат да го прикажат како граѓански, сите видео и фото материјали укажуваат на присуство на истите партиски лица кои се присутни на сите опозициски настани.
Вечерва тие се обидоа со сите сили да изнудат судир и инцидент со полицијата. Брутално беа напаѓани полицајците пред објектот на вадата со камења, шишиња, стапови, се кршеше и оштетуваше јавниот имот. Ваквото однесување, во кое се препознаваат најмалку 30 партиски членови и активисти од стотината присутни пред владата, никако не може да се претстави како граѓански, туку партиско политички протест.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.