Над 10.000 војници од 18 земји учествуваат на редовните годишни воени вежби во Јордан. Воените маневри „Eager Lion“ во оваа земја се одржуваат по петти пат и ќе траат две недели. Тие се изведуваат под командата на армиите на САД и нивниот јордански сојузник.
Поголем дел од земјите кои учествуваат на вежбите се дел од меѓународната коалиција, предводена од САД, која се бори против џихадистичката група Исламска држава во огромните делови од Ирак и Сирија што ги држи под своја контрола. Некои од нив се вклучија и во коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, против шиитските бунтовници во Јемен.
-Овие вежби немаат ништо заедничко со тоа што сега се случува во регионот, уверуваше на прес конференција американскиот генерал-мајор Рик Матсон. „Колку повеќе работиме заедно, толку сите стануваме посилни“, дополни тој.
На маневрите во јорданската пустина учествуваат копнени, военовоздухопловни и военопоморски сили. Целта на вежбата е да
го подобри планирањето и извршувањето на заедничките операции,
вклучувајќи ја и борбата со тероризмот.
Како дел од вежбата предвидена е 35-часовна мисија во која американските бомбардери „Б-52“ ќе полетаат од САД за над реонот на маневрите да испуштат „конвенционални орудија“.
Освен САД и Јордан, во маневрите учествуваат уште и Франција, Италија, Саудиска Арабија, Египет, Ирак, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Пакистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Погледнете какво чудо се случи на Крстовден во Јордан! (видео)
-
Седуммина загинати при престрелка меѓу вооружени напаѓачи и полиција во Јордан
-
Македонскиот пилот Аријан Превала по борбата во пилотската кабина со Јорданецот спречил трагедија (видео)
-
Руски и српски пилоти ќе учествуваат во заедничка вежба „БАРС-2016“ на територијата на Србија