| четврток, 6 декември 2018 |

Активисти на партија од албанскиот блок фатени како купуваат гласови

Активисти на политичка партија од албанскиот блок околу 12 часот биле забележани со припадници на ромската заедница што живеат во близина на ОУ „Единство“ во Гостивар каде што се сместени избирачките места 0417, 0418, 0419, 0420 и 0421, а очевидец ги видел како им даваат пари, јавува МИА.

Во едно од избирачките места гласал и кандидат на политичката партија за градоначалник на Гостивар.

Дека ова е однапред подготвено сценарио за притисок над гласачи и за манипулација со нив се потврдува и со фактот дека тука бил присутен и синот на кандидатот за градоначалник на оваа партија, кој е забележан во близина на училиштето и во моментот кога видел дека присутните граѓани го снимаат, се оддалечил од местото со автомобил „мерцедес“ со регистарски таблички ГВ -955- БГ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top