Дисциплинската комисија на РФМ изрече максимални казни за нередите во „Автокоманда“ на натпреварот Металург – Зомимак во рамките од третото коло од Суперлигата.
Изречени се максимални парични казни, клубот треба да плати 150.000 денари, додека Китевски како физичко лице доби казна од 51.000 денари. Во билтенот на РФМ исто така пишува и дека незадоволната странка има право да се жали во рок од осум дена од објавувањето на одлуката.
Казните се изречени поради тоа што во второто полувреме од натпреварот, на терен влетаа навивачи на Металург. Поради неправилности на мечот против Прилеп, од истото коло, со 10.000 денари казнет е и РК Радовиш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.