Учениците од завршните години во гимназиското образование во текот на дешениот ден до училиштата треба да достават нова пријава за полагањето државна матура, објави интернет-страницата www.matura.gov.mk.
Со оглед на тоа дека денеска е краен рок за поднесување пријава, за тие кандидати што нема да го направат тоа во овој рок ќе важи последната доставена пријава до училиштето.
Екстерните испити од државната матура по мајчин јазик и литература ќе се реализираат на 11 јуни, по странски јазик на 15, математика на 17 и хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни.
Сите испити, како што соопшти Државниот испитен центар, почнуваат во 10 часот.
Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.
Државниот испитен центар информира дека полагањето на тестовите државната матура, која во учебната 2014/2015 година ќе се имплементира согласно досегашната Концепција за државна матура и завршен испит, ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



