| четврток, 6 декември 2018 |

Плоштадот „Македонија“ ќе се прави уште месец и пол

plostad fontana 2

Плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје ќе се прави најмалку уште еден месец и пол, велат од Град Скопје.

Реконструкцијата на плочникот на плоштадот е во полн ек. Работниците ги доредуваат новите плочки кои се во две бои и оформуваат мозаик околу фонтаната и споменикот „Воинот на коњ“ и околу новата фонтана со 128 прскалки, која е изградена на средината од плоштадот. Од Град Скопје има уште многу ситници и детали за довршување и, најверојатно, ќе биде потребно уште еден до еден и пол месец за да заврши изградбата. Новата фонтана и плочникот на плоштадот ги гради фирмата „Трансмет“ за 2,4 милиона евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top