Романскиот премиер Виктор Понта во интервју за Аџерпрес изјави дека е вознемирен од ситуацијата во Молдавија, која е полоша од минатата година, но додаде дека го поддржува молдавскиот премиер Кирил Габурич на европскиот пат на земјата.
Романскиот премиер посочи дека е вознемирен и поради тоа шти трите проевропски партии во Молдавија не останале заедно и оти малцинската Влада е нестабилна.
– Проевропските сили во Молдавија ја добија битката, но ја загубија војната. Би сакал актуелната Влда да опстои што е можно подолго, но тоа е една кревка Влада – истакна Понта.
Тој изрази надеж дека во Кишинев и во Балц нема да бидат избрани проруски градоначалници на локалните избори во јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.