| четврток, 6 декември 2018 |

Грција побара пари во замена за постигнатиот договор

grcija1

Грција денеска побара од меѓународните кредитори да ѝ дадат средства во замена за постигнатиот напредок во преговорите, пренесува БТА.

Портпаролот на грчката влада, Гаврил Сакеларидис, посочи дека грчката економија веќе не е ликвидна и оти не може да се пристапи кон ефикасни реформи.

Тридневните преговори во рамките на таканаречената бриселска група, составенена од претставници на Грција и нејзините кредитори, се одржуваат во Брисел од четвртокот. Преговорите треба да продолжат денеска.

Сакеларидис посочи дека Атина сака да се постигне целосен договор со кредиторите (Европска унија, Европска централна банка, Меѓународен монетарен фонд) до крајот на мај или јуни.

Европски неименувани дипломати истакнаа дека дискусиите биле „конструктивни“, дури и „охрабрувачки“.

Но, важните прашања остануваат нерешени. Тие се однесуваат на трудово право и висината на пензиите.

– Тие точки претставуваат црвени линии, кои не можат да бидат поминати – предупреди Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top