Празничното расположение и раздвиженост во Капитол Мол во Скопје беа надополнети со уште една добивка од инстант лотаријата „Смајли“, велат од Државна лотарија на Македонија.
Среќата овој пат му се насмевна на Антонијо, од Струмица кој ја изгреба главната добивка, скутер, од инстант лозот Смајли. Тој е навистина среќен добитник , бидејќи со еден купен лоз кој чини само 30 денари, го збогати списокот на среќни играчи на оваа игра на среќа на Државна лотарија на Македонија. Негова голема желба од секогаш била да поседува скутер, затоа е и редовен играч на СМАЈЛИ , а од сега ќе има прилика скутерот да го вози низ улиците на Струмица. КАПИТОЛ МОЛ беше вистинско место за овој среќен ден за дружење и фотографирање.
Инстант лозот СМАЈЛИ нуди можност за освојување на еден од 35-те скутери: SR 50, Gillera Runner 50 или Веспа LX 2Т. Секој трет лоз е добитен и имате голема можност да го возите вашиот посакуван скутер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.