Сончево и потопло време со мала до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец, најавува за наредните два дена Управата за хидрометеоролошки работи.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје слично време, сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во среда ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време со дневна температура во интервал од 25 до 33 степени.
Во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.