Челси ја освои титулата во Премиер лигата по минималната победа од 1-0 против Кристал Палас. По натпреварот играчите и раководството на клубот почнаа со славје на „Стенфорд Бриџ“. Сепак Жозе Мурињо набрзо по мечот го напушти стадионот и се упати во болница да го посети Рамиреш кој беше итно хоспитализиран поради проблеми со бубрезите.
– Рамиреш е подобро, но тој имаше болки пред натпреварот и беше префрлен во болница. Во Челси, секој член е еднакво важен. Се надеваме дека многу брзо ќе оздрави и ќе се врати во тимот – изјави Жозе Мурињо.
Рамиреш има проблеми со камен во бубрегот и мораше да замине на итен болнички третман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.