Според фенг шуи, кората од портокали е одличен начин за чистење на домот од негативна чи-енергија и да ја вратите хармонијата во целата куќа. Единствените нешта што ви требаат за овој мал ритуал на чистење на домот од негативна енергија се три свежи портокали, вода, стаклен сад и свежо цвеќе.
Постапка:
- Излупете ги портокалите и поделете ја кората на 9 парчиња. Ставете ги во садот и прелијте ги со жешка вода
- Испрскајте ја целата куќа со водата, а не заборавајте ги ни орманите
- Потоа водата и кората од портокал фрлете ги, а плодот слободно може да го изедете
- По ова фенг шуи чистење, отворете ги прозорците и вратите за да го исполните домот со свежа чи-енергија
- Ставете свежо цвеќе во центарот на собата или на домот. Во текот на следните девет дена, трипати сменете ги цвеќињата. Правете го тоа на секои три дена, а последниот букет треба да остане додека не се исуши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.