| четврток, 6 декември 2018 |

Навалица на Бугари за евтини лекови во Македонија

аптека

Голем број жители од пограничните села на Благоевград купуваат лекарства во Македонија. Причина за фармацевтскиот туризам се двојно пониските цени во соседната држава, пишува бугарскиот информативен интернет портал „Фрог њуз“.

Според објаснувања на фармацевти од Благоевград, разликата на цените на лекарставата се должи на понискиот данок на додадена вредност, во Бугарија е 20 проценти, а во Македонија 5 проценти.  Возрасна жена од Логодаж раскажува дека во селото нема аптека и се снабдува со лекарства од македонскиот град Делчево, кој е оддалечен на само 20 километри. Во тек на прошетка во Македонија Асен Ангелов открил дека таблетите коишто му ги препишал лекар со рецепт, повеќепати се поевтини во македонските аптеки. Македонскиот граѓанин Зоранчо Јовановски, пак, објаснува дека често купува лекарстава за смирување мигрена за пријателите од Бугарија.

Веселија Боичева од Логодаж не купува лекарства, но редовно патува на забар во Македонија затоа што таму стоматолошките услуги се поевтини.

– Една пломба е 20 лева, а тука ми направија четири заба и платив 150 лева – вели Боичева.

Од Фармацевтската комора во Благоевград велат дека една од причините за поскапите лекараства во Бугарија е повисокиот данок во споредба со Македонија.

– Поевтини се лекарствата од соседната држава и затоа таму цената на продажбата е строго фиксирана додека кај нас производителите и увозниците на лекарствата сами ја определуваат  цената – објаснуваат фармацевтите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top