| четврток, 6 декември 2018 |

Кого политиката остарела, а кого побудалела? (ФOTO)

Си има наука, а науката смислила програма со која „Мајкрософт“ (http://how-old.net/) кажува колку години тие ви даваат според изгледот на вашето лице. Кој во политиката остарел, а кој подетинел според процената на „Мајкрософт“ и во споредба со реалниот број години на учесниците?

1

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, се држи добро, во согласност со својата возраст од 55 години. Малку затоа што не пуши и не пие, а малку и затоа што веќе 6 години живее на Водно, па природата на боровите од околината си го прави своето.

2

Никола Груевски, македонскиот премиер, има 44 години, а „Мајкрософт“ му ги погодил годините речиси во бројка.

3

На фотографијата со Љубчо Георгиевски, „Мајкрософт“ препознал дека Бранко има само 41 година, а Љубчо, кој е четири години помлад од Црвенковски, според „Мајкрософт“, всушност, е постар за 3 години.

4

Зоран Заев, кој е роден 1974 (41), според „Мајкрософт“ личи како да има 42 години, што е речиси точно со неговата реална возраст. Но, Радмила Шекеринска е родена 1972 (43), а „Мајкрософт“ ѝ дава дури 54 години.

5

Андреј Жерновски има 47 години, а на „Мајкрософт“ му личи како да е на возраст од 52 години.

6 7 8 910 janku1 latas1

Извор и повеќе фото – Вечер

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top