| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка меѓу грчки затвореници, двајца мртви

Двајца мртви и најмалку дваесет повредени е билансот од тепачката меѓу група затвореници Албанци и државјани на арапски земји, од една страна, и група пакистански затвореници од друга страна во познатиот грчи затвор „Коридалос“.

Како што јави дописникот на МИА од Тирана, повикувајќи се на албанските медиуми,инцидентот се случил синоќа околу 21 часот.

Групата составена од Албанци и државјани на арапски земји ги нападнале Пакистанците со рачно изработени ножеви и други тврди предмети. Убиените затвореници, според тиранската телевизија „Ора њус“, се Пакистанци, а уште двајца од повреднеите се во критична состојба. Повредените се хоспитализирани во болницата во Тзанеио.

Инцидентот се случил неочекувано за време на вечерата, но брзо состојбата ескалирала. Мотивите сѐ уште се непознати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top