Под урнатините во Непал седум дена преживеал маж на 101-годишна возраст. Тој бил спасен и во моментов се наоѓа вп болноца. Претходно денеска е соопштено дека спасувачки екипи пронашле други тројца преживеани во едно планинско село во Непал. Двајца мажи и една жена се извлечени од урнатините во близина на селото Сјаули.
Тие веднаш биле пренесени во блиската воена болница, каде им била укажана медицинска помош. Други детали засега не се познати.
Оваа област, 60 километри западно од Катманду, е најтешко погодена од земјотресот со интензитет од 7,8 степени според Рихтерова скала, кој минатата сабота го погоди Непал, при што загинаа 7.074 луѓе
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.