-Владата на Република Македонија во изминатите години вложува многу сретства во земјоделството за помош и стимулација на земјоделците.
Сепак, како што рече Груевски во оваа гранка е поголема уште поголема помош и стимулација. Растот на оваа гранка може да биде поголем од она што е досега, а за таа цел потребна е поголема модернизација и посовремени методи на работење.
-Неприфатливо е кај нас, се уште системот капка по капка, кој во Израел се применува 4-5 децении, да биде тука и таму спроведен како инцидентна појава, а не како правило. На тој начин со исти трошоци имаме помали приноси. Во време кога во Холандија се повеќе наместо во земја се сади во смеса од кора од кокос, кај нас, уште немаме елементарни системи за одредување на влажноста на земјата, и потребната количина за дотур на вода по систем капка по капка. Задругарството мора да се омасови и од тоа да се добие корист, рече Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше дека оваа Влада ќе продолжи да дава максимални услови преку своите фондови кои се на располагање, а даде ветување дека уште повеќе ќе им помогне на земјоделците да одат напред.
-Тие се нашите земјоделци и мора да наоѓаме нови начини да им помагаме, а не само да зборуваме дека се им е понудено ама слабо го користат. Ако тие не доаѓаат во институциите да ги искористат поволностите, тогаш институциите нека одат кај нив, нека им помогнат и објаснат, нека им ги пополнат формуларите ако неможат сами и нека направат поголеми напори да им се помогне, порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.