-Наш следен предизвик е со ангажман на искусен консултант да создадеме услови да се зголеми бројот на македонски компании кои ќе бидат добавувачи и партнери на странските фирми во Македонија, истакна премиерот Груевски на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.-Таков одличен пример кој треба да се следи е компанијата Актива од Штип која од пред неколку недели изгради и отвори нова фабрика која ќе вработи 300 работници и ќе произведува исклучиво за инвеститорот од Белгија Ван Хул, кој произведува автобуси во Бунарџик. Дознав дека истата домашна фирма купила уште една локација веднаш до новоизградената фабрика. Ова мораме да го направиме помасовно низ Македонија, истакна премиерот.
Груевски посочи дека мора да им помогнат на домашните компании да се поврзат со мултинационалните кои веќе работат земјава и да смислат начин да произведуваат делови потребни за фабрики, со пониска цена, но со висок квалитет и на тој начин домашните фирми добавувачи да отворат дополнителни нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски