| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ води исти кампањи како порано, со исти изјави на Црвенковски

сдсм

Најмалку некој што треба да говори за слободата и демократијата во државата е опозицијата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од денешниот Конгрес, на кој беше реизбран за претседател.

-Ако погледнете наназад ќе ги видите истите нивни кампањи и во периодот помеѓу 1998 и 2002 година. Буквално истите. Пред некое време ми донесоа и изјави на Црвенковски од тоа време, како и кампањи на невладините на Сорос, и не ми се веруваше, комплетно истите изјави, истите активности, истите обвинување за немање демократија и слобода. И тогаш немало демократија. Зошто? Затоа што тие тогаш не беа на власт. Најголема демократија има кога СДСМ е на власт. Но, сето ова е заради нивното поимање на слободата. Суштинската разлика меѓу нас не е дали има слобода или нема –  додаде тој.

Јас тврдам, рече тој,  дека има и слобода и демократија, и тоа многу повеќе од некои други земји. Туку, суштината е во тоа како ние, а како тие во СДСМ ја разбираат слободата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top