Ова на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово го истакна премиерот Никола Груевски кој истакна дека не очекува никој да му каже фала.
-Не само што нема да ми кажат фала, туку многумина ќе ме мразат затоа што не си реализирале некоја нереална лична амбиција, а вината не ја бараат кај себе туку кај мене. Во минатото сум бил незадоволен и сум го коментирал тоа. Во 2006-тата заедно со вас почитувани сопартијци, ја побарав шансата од граѓаните да покажам дека може и поинаку и далеку подобро. И сите ние заедно покажавме. Тоа е нашата, тоа е мојата сатисфакција. Работам по 12 до 15 часа секој ден, но си одам исполнет заради реализираните замисли за напредок и прогрес. Делата кои ги правиме и се гледаат и чувствуваат, реформите кои ја менуваат реалноста, опремата во здравството која спасува животи, новите фабрики и новите работните места кои ја враќаат насмевката кај луѓето, се мојот приклучок во струја која ме полни со енергија да продолжам да работам – потенцираше Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



