Патничко моторно возило, кое не било функционално, е опожарено во кругот на поранешниот мелничко-пекарски комбинат „Житомел“ во Куманово.
Пожарот во ТППЕ во Куманово е пријавен во 16.55 часот, а пожарот е локализиран за 20 минути.
Од противпожарната единица велат дека последниве години постојано имаат дојави за пожари кои зафаќаат делови од просториите на поранешниот мелничко-пекарски комбинат. Во јули 2012 во голем пожар изгоре поранешната мелница на компанијата лоцирана на булеварот „Октомвриска Револуција“, а во ноември истата година изгоре дел од поранешната управна зграда и мелница на мелничко-пекарскиот комбинат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



