| четврток, 6 декември 2018 |

Судија или обвинител само преку Академијата за судии и јавни обвинители

Нови закони ќе се применуваат за лиценцирање на сите видови инспектори во државата, кои секои пет години ќе ја обновуваат лиценцата поминувајки ваков вид тестирања, како и секој испит кој е организиран од било која државна институција, но и испитите за запишување на академија за судии и обвинители, што по новиот закон е единствена можност за да некој во иднина стане судија или обвинител.

Ова на Конгресот во Куманово го истакна премиерот Никола Груевски, кој додаде дека кога станува збор за судии и обвинители, односно за воопшто некој да се запише на академијата, треба како предуслов да има додипломски и посдипломски студии по право со минимум просек 8, правосуден испит и одреден број години работен стаж како правник, па дури потоа, да дојде и по оваа методологија да ги полага испитите и не само да положи на испитите туку и да биде во највисоко рангираните.

Истите стандарди се воведоа и за правосудниот испит, испит за директори на сите институции итн .Нам ни се потребни подигнувања на стандардите во секоја област за како држава и нација да станеме поконкурентни.  И ако некој во иднина планира некому да му ургира за некој судија да напредува или да стане претседател на суд , сакам да го потсетам за новите закони кои во целост  стапија на сила во јули 2014тата година, одкога непостои никаков простор во законот за такво нешто. Се воведе кариерно напредување во судиите по заслуга од сработување, т.н.мерит систем, посочи Груевски.

Учинокот на судиите, нагласи Груевски, сега се мери со бодови кои доаѓаат од квалитетот на пресудите, односно колку од пресудите паднале или не или биле преиначени на повиок суд, и од квантитетот, т.е. бројот на решени предмети, со тежински фактор за сложеноста на секој судиски предмет.

Во секој момент, секој судија си ги знае сопствените бодови, но и бодовите на своите колеги.Тие се јавни и транспарентни и лесно проверливи. Тој што поминал 5 години во основен суд, а има најмногу бодови на ранг листата, може да конкурира и да премине во апелациски суд, ако таму се ослободи место.Секој  еден од апелациски суд кој поминал најмалку 4 години таму, и е прворангиран, штом се ослободи место во врховен суд може да премине во врховен суд.  Кога ќе истече мандатот на претседател на некој суд, новиот претседател е оној кој има најмногу бодови. Кратко и јасно. Каде е тука просторот за ургенција или влијанија? Го нема, се е јавно и транспарентно.И не само тоа, овој закон веќе и се применува, и наредните назначувања на претседатели на судови или на унапредувања, можат да бидат само по овие правила, појаси Греувски.

Како што потенцираше Груевски мината година се решиле двојно поголем број предмети одколу годината пред тоа.

Новиот систем го стимулира тоа, а плус  во 2013 започна и примената на законските одредби согласно кои се скратија и процесните рокови, што доведе до забрзување на судските постапки и до намалување на заостатокот на предмети во судовите, додаде премиерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top